Во дежурниот педијатриски пункт во поликлиниката „Јане Сандански“ во изминатите два месеца се прегледани над 1.110 деца и извршени над 1.200 лабораториски анализи, соопшти Министерството за здравство.
Оттаму посочуваат дека ангажираноста на специјалистите педијатри и добрата опременост на дежурниот пункт овозможува најголем дел од пациентите потребната здравствена заштита да ја добијат во пунктот, при што на 64 деца им била направена инхалација, а на 37 им била дадена ампуларна терапија.
Најголем дел од прегледаните деца биле со горнореспираторни инфекции, фебрилни состојби и цревни инфекции. По направениот преглед, 82 деца биле упатени на терциерно ниво, од кои најголем дел, односно 26 на Клиниката за детски болести, во Институтот за белодробни заболувања кај деца-Козле 17, во ГОБ „8 Септември“ и Детска хирургија 15, на Клиниката за инфективни болести 12, на Клиниката за уво, нос и грло девет деца, на Клиника за очни болести две и едно било упатено на максилофацијална хирургија.
Дежурниот педијатриски пункт во поликлиниката „Јане Сандански“ функционира од 9 јануари годинава и во него се ангажирани педијатри од Клиниката за детски болести, Институтот за белодробни заболувања кај децата-Козле, Здравствениот дом Скопје, како и педијатри кои имаат договор со Фондот за здравствено осигурување на Македонија како приватни здравствени установи.
Пунктот работи секој ден, од понеделник до сабота, во периодот од 19.30 до 23 часот и во недела од 8 до 23 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Не лекувам деца чии што родители не ги вакцинираат“ словенечка педијатарка не прифаќа одговорност
-
Пунктот во Момин поток отворен 24 часа дневно
-
Рускиот педијатар Олег Комаровски тврди: Децата само поради ова не прозборуваат до својата трета година!
-
Д-р Тренчева: Децата може надвор во зима, но само ако е воздухот чист!



