Словенечка докторка- педијатар од местото Ленарт на вратата на амбулантата залепила информација дека побарала од лекарската комора за одобрување на приговор на совеста заради што ќе може да ги одбие децата чии што родители одбиле да ги вакцинираат, појава што е многу честа последните години, па околу пет проценти од децата не се вакцинирани против тешки заразни болести.
Совеста и стручното знаење не ми допуштаат и натаму да бидам одговорна за лечење на деца чии што родители не ми допуштаат за нив да се грижам согласно медицинската доктрина и закон, вели докторката Бернарда Вогрин за словенечките медиуми, која што одлучила тие мали пациенти да ги тргне освен во итни случаеви, па на нивните родители им порачала да изберат друг педијатар.
Таа тврди дека има силни морални тешкотии со прифаќањето на фактот дека децата за кои што мора да се грижи, а не се вакцинирани се во опасност од разни болести, инвалидност, па и смрт, заради што од лекарската комора и побарала да и биде одобрен таквото одбивање.
Со неа се солидаризирале и некои други педијатри кои што предупредуваат и на губење време со такви родители, кои што мора да потпишат разни формулари дека ја преземаат одговорноста за невакцинирањето и на кои според закон треба да им се објаснат сите ризици за таа одлука, а тоа за време пред амбулантите се создаваат редици од мнопгу други пациенти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кај него и здрави би чекале ред: Тој е најпосакуваниот доктор на светот!
-
Вакцинацијата против грип почнува вo понеделник
-
Успешни Македонци: д-р Игор Балевски изврши сложен хируршки зафат во клиничкиот центар во Марибор
-
Македонското сценарио и во Словенија: Јанша го врати мандатот, не може да состави влада