| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Тренчева: Децата може надвор во зима, но само ако е воздухот чист!

При­род­но­то јак­не­ње на иму­ни­те­тот е нај­до­бро, ме­ѓу­тоа, има и ус­ло­ви ко­га по­ма­га­ат иму­но­сти­му­ла­то­ри­те ,кои го сти­му­ли­ра­ат ор­га­низ­мот да соз­да­ва кле­тки на од­бра­на за да се соз­да­де за­шти­та про­тив пре­диз­ви­ку­ва­чи­те на бо­ле­сти. Иму­но­сти­му­ла­то­ри­те ги има во раз­лич­ни об­ли­ци. Ме­ѓу­тоа, важ­но е да на­по­ме­не­ме де­ка си­те тие сти­му­ла­то­ри тре­ба да се зе­ма­ат под кон­тро­ла на ле­кар би­деј­ќи не­кои од нив не се без­о­пас­ни, ве­ли д-р Трен­че­ва

Ако е зи­ма, а воз­ду­хот е чист, то­гаш е до­бро бе­би­ња­та и де­ца­та да пре­сто­ју­ва­ат над­вор. До­вол­но е да би­дат до­бро об­ле­че­ни, за­шти­те­ни. Зи­ма­та не пре­чи, пре­чи ае­ро­за­га­ду­ва­ње­то. Пре­чат и ви­ру­си­те и ба­кте­ри­и­те, за­тоа е важ­но про­сто­ри­и­те во кои нај­че­сто пре­сто­ју­ва­ат бе­би­ња­та и де­ца­та че­сто да се про­ве­тру­ва­ат, ве­ли во ин­терв­ју за „Ре­пуб­ли­ка“, д-р Ми­тка Трен­че­ва, спе­ци­ја­лист пе­ди­ја­тар.

 

Во де­но­ви на зго­ле­ме­но ае­ро­за­га­ду­ва­ње, ка­ква е ва­ша­та пре­по­ра­ка за бе­би­ња­та и за де­ца­та? Да­ли е без­бед­но да из­ле­гу­ва­ат над­вор?

ТРЕН­ЧЕ­ВА: Ае­ро­за­га­ду­ва­ње­то е еми­си­ја на раз­ни по­лу­тан­ти, од­нос­но штет­ни ма­те­рии кои штет­но вли­ја­ат по здрав­је­то на чо­ве­кот. Ту­ка спа­ѓа­ат из­дув­ни­те га­со­ви на мо­то­ри­те, раз­ни­те то­пил­ни­ци, ин­ду­стри­ски об­је­кти, па сѐ до ра­ди­о­ка­тив­ни и би­о­ло­шки ма­те­ри­ја­ли. Си­те овие че­стич­ки ло­шо вли­ја­ат на здрав­је­то и во­оп­што на чо­веч­ки­от ор­га­ни­зам, вклу­чу­вај­ќи ги ту­ка и де­ца­та и бе­би­ња­та. Тие сe уште ма­ли, нив­ни­от иму­но­ло­шки си­стем не е зрел и за­тоа по­че­сто мо­же да под­лег­нат на оште­ту­ва­ње од овие по­лу­тан­ти. Де­но­ви­ве е акту­ел­на те­ма­та за ае­ро­за­га­ду­ва­ње. Мер­ни­те ста­ни­ци по­ка­жу­ва­ат зго­ле­ме­но при­сус­тво на овие штет­ни ма­те­рии. За­тоа и не се пре­по­ра­чу­ва мно­гу пре­стој и из­ле­гу­ва­ње над­вор, по­себ­но во ча­со­ви­те ко­га е зго­ле­ме­на кон­цен­тра­ци­ја­та, во утрин­ски­те ча­со­ви ко­га има маг­ла и на­ве­чер, ко­га, исто та­ка, е зго­ле­ме­на кон­цен­тра­ци­ја­та на че­стич­ки­те ПМ10. Ко­га не­ма стру­е­ње на воз­ду­хот, че­стич­ки­те се за­др­жу­ва­ат по­ве­ќе во воз­ду­хот и пред сѐ го ири­ти­ра­ат рес­пи­ра­тор­ни­от си­стем, би­деј­ќи тој е прв на ли­ни­ја­та на од­бра­на пре­ку ди­ше­ње­то. Овие че­стич­ки пре­ку слуз­ни­ца­та на но­сот пре­диз­ви­ку­ва­ат пе­че­ње, сол­зе­ње, каш­ла­ње, соз­да­ва­ње се­крет во диш­ни­те па­ти­шта кој по­тоа мо­же да би­де и ос­но­ва за до­пол­ни­тел­но раз­ви­ва­ње, од­нос­но на­се­лу­ва­ње на ви­ру­си и на ба­кте­рии, и од ед­на стра­на пре­диз­ви­ку­ва­ат бо­ле­сти. Од дру­га стра­на, ги вло­шу­ва­ат со­стој­би­те на оние лу­ѓе што има­ат хро­нич­ни бо­ле­сти, аст­ма и слич­но.

 

Ка­ко да се за­шти­тат бе­би­ња­та од бо­ле­сти­те на гор­ни­те, но и на дол­ни­те диш­ни па­ти­шта?

ТРЕН­ЧЕ­ВА: Бе­би­ња­та и де­ца­та ќе се за­шти­ту­ва­ат од ин­фек­ции и ба­кте­рии из­бег­ну­вај­ќи ги ди­рект­ни­те кон­та­кти со бол­ни­те. Мно­гу е важ­но одр­жу­ва­ње­то на лич­на­та и на оп­шта­та хи­ги­е­на, ка­ко во гра­дин­ки­те и во учи­ли­шта­та ка­де што пре­сто­ју­ва­ат бе­би­ња­та и де­ца­та, та­ка и до­ма. По­тоа, че­сто­то ми­е­ње на ра­це­те, по­себ­но пред и по оде­ње во то­а­лет. Ова е еден вид ме­ха­нич­ко от­стра­ну­ва­ње на овие пре­диз­ви­ку­ва­чи на бо­ле­сти. Со јак­не­ње на иму­ни­те­тот пре­ку раз­но­вид­на ис­хра­на, исто та­ка, ор­га­низ­мот се шти­ти од бо­ле­сти­те на рес­пи­ра­тор­ни­те ор­га­низ­ми. Мно­гу важ­на и ре­дов­на­та вак­ци­на­ци­ја. Тре­ба да се при­ма­ат си­те вак­ци­ни кои ги шти­тат од одре­де­ни ви­рус­ни и ба­кте­ри­ски бо­ле­сти, а тие се се­пак, нај­до­бра за­шти­та.

 

Да­ли рес­пи­ра­тор­ни­те за­бо­лу­ва­ња се нај­че­ста при­чи­на по­ра­ди ко­ја де­но­ви­ве ам­бу­лан­ти­те кај ма­тич­ни­те пе­ди­ја­три се пол­ни?

ТРЕН­ЧЕ­ВА: На пр­во ме­сто ка­ко при­чи­ни за зго­ле­мен мор­би­ди­тет кај де­ца­та се рес­пи­ра­тор­ни­те бо­ле­сти од кои, пак, ви­рус­ни­те бо­ле­сти се 90 от­сто при­чи­ни­те­ли за мор­би­ди­тет кај де­ца­та. От­та­му про­из­ле­гу­ва и фа­ктот, би­деј­ќи има мно­гу ви­ру­си, по­ве­ќе од 200, ро­ди­те­лот че­сто­па­ти да ре­че: Де­те­то ми е бол­но ре­чи­си се­кој ме­сец. Всуш­ност, тоа е бол­но од раз­лич­ни ви­ру­си кои има­ат слич­на симп­то­ма­то­ло­ги­ја, па ли­чи де­ка бо­ле­ста по­сто­ја­но се по­вто­ру­ва. Во нај­го­лем број слу­чаи овие ви­ру­си се без­о­пас­ни, по­себ­но на­стин­ки­те, кои се пре­диз­ви­ка­ни од ри­но­ви­ру­си­те. До­бро е во та­кви слу­чаи да се из­бег­не ан­ти­би­от­ска те­ра­пи­ја, ме­ѓу­тоа да се сле­ди де­те­то.

dr Mitka Trenceva DAD_9592 (Custom)

При­род­но­то јак­не­ње на иму­ни­те­тот е нај­до­бро, ме­ѓу­тоа има и ус­ло­ви ко­га по­ма­га­ат иму­но­сти­му­ла­то­ри­те

 

Да­ли е по­треб­но на се­кое те­че­ње нос или по­ка­че­на те­лес­на тем­пе­ра­ту­ра да се по­се­ти ма­ти­чен пе­ди­ја­тар?

ТРЕН­ЧЕ­ВА: Се­ко­ја на­стин­ка, се­кое те­че­ње на но­сот, не мо­ра да би­де аларм за ро­ди­те­лот. Ро­ди­те­ли­те тре­ба да го сле­дат де­те­то не­кол­ку де­на. Во слу­чај да се вло­ши си­ту­а­ци­ја­та, то­гаш тре­ба да се кон­та­кти­ра ле­кар. Под вло­шу­ва­ње се по­драз­би­ра ви­со­ка тем­пе­ра­ту­ра, бол­ка во уши­те, ин­тен­зив­на каш­ли­ца или те­шко­тии во ди­ше­ње­то и то­гаш тре­ба да дој­де на до­ктор вед­наш.

 

Да­ли пре­по­ра­чу­ва­те иму­но­сти­му­ла­то­ри?

ТРЕН­ЧЕ­ВА: При­род­но­то јак­не­ње на иму­ни­те­тот е нај­до­бро, ме­ѓу­тоа има и ус­ло­ви ко­га по­ма­га­ат иму­но­сти­му­ла­то­ри­те кои го сти­му­ли­ра­ат ор­га­низ­мот да соз­да­ва од­бран­бе­ни кле­тки за да се соз­да­де за­шти­та про­тив пре­диз­ви­ку­ва­чи­те на бо­ле­сти. Иму­но­сти­му­ла­то­ри­те ги има во раз­лич­ни об­ли­ци. Не­кои сти­му­ла­то­ри дејс­тву­ва­ат на цре­ва­та, тоа се т.н. про­би­о­ти­ци кои ги на­се­лу­ва­ат цре­ва­та и до­бро дејс­тву­ва­ат во овие ус­ло­ви, пра­веј­ќи рам­но­те­жа во ми­кроф­ло­ра­та во цре­ва­та на ор­га­низ­мот и ги сти­му­ли­ра­ат раз­во­јот на до­бри­те ба­кте­рии кои го пот­тик­ну­ва­ат ло­кал­ни­от иму­ни­тет. Ги има и во об­лик на раз­лич­ни си­ру­пи кои мо­жат да по­мог­нат да се из­бо­ри­ме во си­ту­а­ци­ја на не­ко­ја ви­рус­на или ба­кте­ри­ска ин­фек­ци­ја. Ме­ѓу­тоа, важ­но е да на­пом­ни­ме де­ка си­те тие сти­му­ла­то­ри тре­ба да се зе­ма­ат под кон­тро­ла на ле­кар, би­деј­ќи не­кои од нив не се без­о­пас­ни. Да­ва­ње­то ви­та­миц Ц и ри­би­но­то мас­ло кое сме го за­по­ста­ви­ле од по­о­дам­на прет­ста­ву­ва­ат еден до­бар из­бор. Ри­би­но­то мас­ло е до­бар из­вор на ви­та­мин Д и на ви­та­мин А и е до­бар из­бор за по­го­ле­ми­те де­ца.

 

Се­ко­ја го­ди­на се акту­ел­ни на­пи­вки на при­род­на ба­за за зго­ле­му­ва­ње на иму­ни­те­тот кај де­ца­та. Ла­ни тоа бе­ше ди­во­то ори­га­но, го­ди­на­ва мас­ло­то од сем­ки од грејп­фрут… Кој сѐ мо­же да ги ко­ри­сти или да­ли тре­ба да би­де­ме мно­гу вни­ма­тел­ни во упо­тре­ба­та?

ТРЕН­ЧЕ­ВА: И овие на­пи­вки или мас­ла се еден вид иму­но­сти­му­ла­то­ри и тоа тре­ба да би­де по пре­по­ра­ка на ле­кар и не тре­ба да се зе­ма­ат на сво­ја ра­ка. Дел од иму­но­сти­му­ла­то­ри­те се зе­ма­ат по ше­ма, во одре­ден пер­и­од и на огра­ни­че­но вре­ме. Тоа зна­чи де­ка на не­кој на­чин тие на­па­ѓа­ат, од­нос­но го мо­би­ли­зи­ра­ат на­ши­от иму­но­ло­шки си­стем и тре­ба да се знае ка­де и кол­ку да се да­де.

 

Да­ли е штет­но во до­маш­ни ус­ло­ви да се вр­ши ин­ха­ла­ци­ја са­мо со фи­зи­о­ло­шки рас­твор?

ТРЕН­ЧЕ­ВА: Ин­ха­ла­ци­ја са­мо со фи­зи­о­ло­шки рас­твор го пра­кти­ку­ва­ме и ние ле­ка­ри­те, за олес­ну­ва­ње на не­кои симп­то­ми од рес­пи­ра­тор­ни­от си­стем, за уб­ла­жу­ва­ње на каш­ли­ци, за по­лес­но искаш­лу­ва­ње на се­кре­тот. Не е не­ко­ја го­ле­ма ште­та ако се пра­ви ин­ха­ла­ци­ја, но да не се пре­те­ру­ва. Се­пак, тре­ба да се по­се­ти ле­кар ако де­те­то каш­ла по­дол­го вре­ме и тој тре­ба да го из­вр­ши прег­ле­дот. Си­гур­но е де­ка са­мо ин­ха­ла­ци­ја со фи­зи­о­ло­шки рас­твор не­ма да би­де потребниот лек.

 

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top