Во штипската индустриска зона „Запад“ денеска ќе биде пуштена во употреба фабриката за заварени склопни елементи за шасии за автобуси „Актива“. Во фабриката ќе се произведуваат автобуски шасии за потребите на белгиската компанија „Ван Хол“, која има фабрика во ТИРЗ „Бунарџик“ во Скопје.
Според најавите од менаџерот на „Актива“ Илија Николовски, инвестицијата во првата фаза на фабриката изнесува 3 милиони евра и првично 50 вработувања.
Халата за автобуски шасии во новата фабрика „Актива“ е со површина од 8.000 квадратни метри , а целиот капацитет е на површина од 70.000 квадратни метри.
На официјалното отворање на фабриката е најавено обраќање на вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, претставници на инвеститорот и на локалната самоуправа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



