Околу 40 отсто од Романците се наоѓаат во опасност од сиромаштија и социјална исклучивост, а земјата е претпоследната во Европа, пред Бугарија, според овој показател, во ситуација кога под закана од сиромаштија во ЕУ просечно се наоѓа 25 отсто од населението, пишува денеска романскиот весник „Путера“, цитирајќи на еврокомесарот за земјоделие Фил Хоган, кој беше во посета на Романија.
– Знам дека околу 40 отсто од населението на Романија е во опасност од сиромаштија и социјална исклучивост, на второ место по Бугарија. Просечното европско ниво изнесува 25 проценти. Сиромаштијата во Романија силно е концентрирана во селските реони, пред се, заради лошата инфраструктура и недостигот од работа, рече еврокомесарот за земјоделие, кој заедно со европскиот комесар за регионален развој беа во посета на оваа земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонија тоне: 22,2 отсто од населението минатата година живеело во сиромаштија!
-
Митовска: СДСМ удира по најсиромашните, владата крати 6 милиони евра наменети за сиромашните(видео)
-
Расте сиромаштијата: Зголемени трошоците на живот и цените на мало
-
Семејството Јусуфовски живее на излезот од Охрид во ужасни услови: Нема струја, кревети пред распаѓање и под од земја и камен…