Снимките од камерите кои беа прикажани на денешното судско рочиште во врска со убиството на матурантот Ангел Петковски во скопската населба Ѓорче Петров, предизвикаа емотивни реакции кај присутните од неговото семејство.
Во продолжение на доказната постапка за убиството на Ангел денеска беа прикажани снимки од безбедносните камери поставени кај Европската очна болница, кои сведочат за прерано изгубениот живот на младото момче.
– Погледниме во очи и одговори ми, дали ти му ја даде душата, за да му ја земеш – низ солзи го запраша мајката на убиениот матурант обвинетиот Насер Ештрефи.
Поради содржината на снимките, таткото на Ангел, уште пред нивното прикажување, ја напушти судницата.
Сепак, на четирите снимки не може да се види ниту кобната пресметка, која траела точно 25 секунди и е клучна за постапката, ниту, пак, дали обвинетиот Ештрефи со себе носел нож.
На една од снимките се гледа како Ангел и неговиот татко со автомобил „пежо“ се паркираат спроти влезот на очната болница и се упатуваат кон насипот. По нив доаѓа и обвинетиот. Потоа се гледа како обвинетиот трча во спротивен правец од насипот, поминува покрај влезот на очната болница.
Ангел и неговиот татко трчаат кон влезот на болницата, во еден момент Ангел паѓа пред скалите на очната болница . Таткото доаѓа до Ангел и го крева во раце и го носи кон влезот на болницата , но тој повторно паѓа на средината на скалите. Таткото повторно се обидува да го внесе во болницата, а потоа доаѓа полиција, брза помош, но за жал, Ангел им подлегнува на повредите коишто му ги нанел обвинетиот во градниот кош.
Според адвокатот на семејството Петковски, Ѕвонко Давидовиќ, на снимката се гледа како обвинетиот се допира за појасот што, според него, укажува на тоа дека носел нож.
Адвокатот на обвинетиот, Ангел Ѓорѓиев, пак, укажа на дрвениот стап најден во автомобилот на Сашо Петковски, за кој вели дека извесно е дека при враќањето таткото го носи стапот со кој е удрен обвинетиот и укажа дека при преглед на возилото стапот е пронајден на задното седиште завиткан во дуксерката.
Судењето ќе продолжи на 25 март со изведување докази.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Одложено судењето за 27 април
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Сведок ги препозна двајцата напаѓачи на судењето за убиството на Саздовски
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа