Блокадата на исламистичките веб страници започна помалку од еден месец по прогласувањето на законот со кој се дозволува блокирање на интернет страници на кои се слави тероризмот.
На насловната страница на исламистичкиот веб портал исламик-њуз.инфо од денеска се појавува црвена рака, пропратена со порака на Министерството за внатрешни работи на Франција, која укажува дека страницата е блокирана, јави дописникот на МИА од Париз.
Блокадата на исламистичките веб страници започна помалку од еден месец по прогласувањето на законот со кој се дозволува блокирање на интернет страници на кои се слави тероризмот.
Исламик-њуз.инфо е првата веб страница која е блокирана од Министерството за внатрешни работи.
– Ќе бидете пренасочени кон официјална страница, бидејќи вашиот компјутер се обидува да се приклучи кон страница која пропагира терористички акти или јавно ги глорификува, се појавува текст при обид за пристаување на порталот.
Оваа мерка е дел од новиот антитетрористички закон, усвоен во ноември 2014 година, кој му дозволува на Централното биро за борба против криминалот поврзан со информативните технологии и комуникациите да изработи листа на страници кои можат да бидат блокирани.
Ако издавачот и администраторот на веб страниците не одговорат на барањата за повлекување на страниците од интернет, се дава дозвола за нивно блокирање.
Се работи за административна блокада, без интервенција на суд, што му дозволува на Министерството за внатрешни работи самото да ги оценува условите кои дозволуваат блокирање.
Според информациите на неделникот „Телерама“, на листата се наоѓаат околу 50 платформи со ваква содржина, кои им биле пренесени на Единицата за координација на антитерористичката борба.
Од појавувањето на декретот, оваа мерка може да се примени и на апликациите за пребарување на интернет, од кои се бара да ги „избришат“ веб страниците кои го глорификуваат тероризмот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.