Попладнево официјално беше објавен спотот на песната „Autumn Leaves“ (Лисја есенски), со која Даниел Кајмакоски ќе ја претстави Македонија на 60-тиот Избор на песна на Евровизија во Виена.
Автор на музиката и текстот на „Autumn Leaves“ е шведскиот композитор Јоаким Персон, а за аранжманот и продукцијата се погрижи македонскиот музички продуцент Роберт Билбилов.
На денешната средба со новинарите, Кајмакоски изјави дека е задоволен од постигнатото, а во видеозаписот се раскажани моменти од неговиот живот.
Погледнете:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.