| четврток, 6 декември 2018 |

Украински пратеник тврди дека шест руски конвои влегле во Украина

Во последниве два дена од територијата на Русија во источна Украина влегоа шест конвои со оружје и опрема, тврди на својот блог пратеникот во украинскиот Парламент и познат воен експерт Дмитро Тимчук. ­

– Конвоите вклучуваат и два воза со по девет вагони секој. Нивна крајна дестинација беа (градовите) Деблацево и Иловаиск, тврди Тимчук, додавајќи дека „проруските милитанти продолжуваат активно да ги надополнуваат своите резерви и да складираат гориво и муниција“.

Тимчук, како што јави Укринформ, уште обвини и дека продолужува засилувањето на проруските сепаратисити стационирани северно од пристанишниот град Мариупољ. Според него, во реонот биле префрлени шест единици на сепартистите со артилериски орудија и еден систем „Стрела 10М САМ“. ­

– Непријателот постојано се обидува да ги потисне украинските војници поблизу до Мариупољ, тврди Тимчук, наведувајќи дека тензиите во и околу градот постојано растат.

Тој исто така обвини дека проруските сепаратисти во регионот на Донбас продолжуваат да го кршат примирјето со постојани напади врз позициите на украинските сили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top