| четврток, 6 декември 2018 |

Додовска: СДСМ ги остави граѓаните на улица, се затворија индустриските фактори во земјава

Двете политички опции во Македонија воопшто не можат да се споредат. Едните го создаваат и почитуваат правниот поредок, а другите секојдневно истиот го рушат.

Ivanka dodevska promocija 6 (Custom)

Ова го истакна универзитетската професорка Иванка Додовска во отвореното студио на Сител пред вчерашниот масовен собир на ВМРО-ДПМНЕ.

-Она што прави дистинкција меѓу актуелното и минатото раководство на СДСМ и оваа владејачка гарнитура, разликата е во третманот кон правната држава и третманот на граѓаните. СДСМ имаше мошне комфорна улога. Тие имаа можност да се докажат,  а граѓаните во нивно време останаа на улица, се затворија индустриските фактори во земјава. Тоа беа политички одлуки на раководството на СДСМ. Од 2006-та до денес, ВМРО-ДПМНЕ се постави во позиција да решаваат туѓи проблеми и да се соочуваат со предизвиците на дневно политичка основа и меѓународен план. Некогаш има и грешки, но не може да се направи споредба меѓу двете политички опции во Македонија, истакна Додовска.

Таа апелира до македонските граѓани дека ова што го прави СДСМ е кршење на правниот поредок на државата, истакнувајќи дека тие емитуваат приватни пораки  добиени на нелегален начин.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top