| четврток, 6 декември 2018 |

Потврдено дека уште тројца се заболени од туларемија, а за други тројца се чека потврда

glusec

Три нови случаи на туларемија официјално се пријавени во Институтот за јавно здравје. За тројца се чека потврда.

Тим на епидемиолози се на терен во светиниколскиот регион и село Каратманово,  бидејќи најголем број од случаите се од таму. Има случаи и од Скопје. Сите пациенти се во стабилна здравствена состојба.

Основниот совет е доколку во близина забележат глувци, веднаш да се изврши дератизација. Да не ги допираат, веднаш да се изврши нивно уништување и, се разбира, да побараат помош од Центарот за јавно здравје, вели д-р Јованка Костовска – сектор за превентивна здравствена заштита при Министерството за здравство.

Центрите за јавно здравје веќе направија дератизација на куќите и училиштата од каде што се пријавените, за анализа се земени мостри од вода и се дадени насоки за редовно хлорирање на водата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top