Дваесет и четиригодишната Н.П.од Виница, синоќа во 23.45 часот во полициската станица Центар пријавила дека вечрата околу 22 часот на бул.„Партизански одреди“, од страна на две непознати машки лица на возраст од 14 до 15 години ѝ бил одземен мобилен телефон со што ѝ е причинета материјална штета од околу 12.000 денари.
Едното лице ѝ се приближило од левата страна и ѝ побарало пари, додека другото се доближило и насилно со протнување на раката во десниот џеб од јакната ѝ го одзело телефон, по што двете лица избегале во непознат правец.
По преземени мерки малолетните лица се пронајдени и телефонот ѝ е вратен на оштетената.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.