| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто дигиртонот и телефонот имаат различен распоред на броевите?

Користејќи го калкулаторот на вашиот паметен телефон веројатно сте забележале дека распоредот на бројките не е ист со оној на телефонот. Зошто е тоа така? Зошто калкулаторот и телефонот имаат различен распоред на броевите кога ги користат истите цифри?

За да го најдеме одговорот на ова прашање треба да се навратиме на историјата на развојот на телефонот.

Целиот распоред на бројките кај денешните телефони потекнува од првите телефони. Тие имале ротирачки механизам на бирање и всушност немале нула.

Секој „завртен“ број означувал број на пулсирања во бирањето. Нулата била после бројот 9 и означувала десет пулса во бирањето. Така со тек на времето, како што се напушта тонското бирање и се префрламе на дигитални телефонски централи, распоредот на броевите останува поради навиката на корисниците, а нулата останува после бројот 9.

Исто така за полесно бирање под броевите биле додадени и букви, па веќе целиот систем бил премногу сложен да се менува.

Но што е со калкулаторот? Зошто тој не се прилагодил на истиот распоред?

Причината е едноставна. Распоредот на калкулаторот првпат се појавува на старите каси, а тие се појавуваат пред телефоните да се префрлат на дигитално бирање, односно сè уште биле ротирачки телефони.

Начинот на сметање налагал нулата да се наоѓа пред бројот 1, а бидејќи таа најчесто се притискала при работа, па логично било и нeјзиното место да биде најдолу во распоредот.

Така, местото на нулата и нејзиното различно значење довеле до тоа да имаме различни распореди на тастатурите за телефоните и калкулаторите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top