
СДСМ денеска го нападна Министерството за внатрешни работи (МВР) дека нема одговор за „случајот со фантомски гласачи“.
МВР порача дека почекале пред да го презентираат случајот со личните документи од Охрид за да видат дали ќе се оствари сценарио за делегитимирање на изборите што на сослушувањето го најавил обвинетиот охриѓанец.
„Точно е дека кривичната пријава против осомничениот З.Р. од Охрид беше изготвена на 18.03.2013 година, но одлучивме да почекаме со нејзино презентирање дури откако ќе се увериме дали ќе се оствари сценариото посочено од него во исказот даден во полиција.
Осомничениот наведе дека токму денеска на телевизија требало да биде обелоденето сценариото за делегитимирање на изборите за кое тврди дека го подготвувал висок функционер во Скопје.
Дали прес конференцијата на Игор Ивановски беше токму ова сценарио или некакво барање на алиби не можеме со сигурност да потврдиме, но од страна на Претседателот на ДИК кој е најодговорен околу избирачкиот список и лицата кои се наоѓаат во него, досега до МВР нема стигнато никаква пријава.
Останува индикативно што СДСМ повторно се одлучува да ги нападне институциите и да застане во одбрана на осомничениот за кој што тврди дека не ги довел во заблуда службите по партиска наредба.
МВР му останува на располагање на СДСМ за да пријават за се што сметаат дека е во наша надлежност“, порачува МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?


