
Земјите од западен Балкан не се само транзитен регион, туку и голем извор нарко шверцери. Според студијата на Европол околу 3.600 организирани криминални групи моментно се активни во ЕУ. Како што се оценува во документот, меѓународната трговија со дрога и понатаму е главната активност на организираниот криминал, но исто така се идентификува и појава на нови криминални феномени, многу поврзани со актуелната економска криза и интернетот.
– Една нова раса на организирани криминални групи се појавува во Европа, способни да работат во повеќе земји и кривични сектори. Овие групи не се дефинирани по нивната националност или специјализација во една област на криминал, туку по нивната способност да делуваат на меѓународно ниво, со фокус на бизнисот, како зголемување на профитот и минимизирање на ризикот. Тие се олицетворение на нашето ново глобализирано општество “, вели Роб Вејнрихт, директор во Европол.
Кога станува збор за Албанија, таа се вбројува во иста група со Турција и Пакистан, како три земји кои доминираат на пазарот на наркотични средства.
Во извештајот сепак се потенцира дека албанските нарко групи доминираат во шверцот со дрога во Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Европа го освои „Лејвер купот“ (Видео)
-
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија ќе оди напред во ЕУ и во НАТО, но без Заев
-
Студен бран од Сибир ја зафати Европа: Неверојатно ниски температури во Франција, Италија, Полска, тројца починаа од студ (фото)
-
Во Австралија беснее грип поопасен од свинскиот – се шири и кон Европа


