На телефонската линија за медицински совет „Ало докторе“ од 15 септември досега имало 27.815 повици.
Во изминатите седум дена (од 9 до 15 март) за медицински совет на линијата се јавиле 1.052 лица. Дваесет доктори се достапни за медицински совет, а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија.
На сите лица кои се јавиле на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена соодветна медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија. Јавувањата најчесто се со широк спектар на најразлична симптоматологија, кардиоваскуларни, респираторни симптоми, кашлица, настинки, зголемена телесна температура, стомачен вирус и симптомна болка.
Во кол центарот „Ало докторе“ секој ден од 18 до 22 часот за медицински совет се дежурни и достапни директорите на јавните здравствени установи.
На линијата денеска дежурна ќе биде доктор Сузана Двојаковска од Клиниката за максилофацијална хирургија, а утре доктор Татјана Баевска-Вучковиќ, директорка на Здравствен дом Скопје. На 18 март во кол центарот „Ало докторе“ дежурен ќе биде проф.д-р Никола Николовски, директор на Клиниката за уво, нос и грло, на 19 март д-р Слободан Ѓоргиовски од Здравствена Станица Универзитет Св.Кирил и Методиј, а на 20 март проф.д-р Бисерка Ќаева, директорка на Клиниката за пулмологија и алергологија.
На 21 март дежурна на линијата од 18 до 22 часот ќе биде д-р Смиља Туџарова, директорка на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, а на 22 март проф.д-р Михаил Пенев од Клиниката за урологија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Смртта му беше благослов“: Трагична приказна за Рене од серијата „Ало, ало“
-
Се снима босанска верзија на „Ало, ало“ со Тарик Филиповиќ и Емир Хаџихафизбеговиќ
-
Сезонските вируси и кашлици ја вжештија линијата на „Ало докторе“
-
Антитерористичка вежба на безбедносните сили во Србија предизвика паника кај јавноста (фото)