| четврток, 6 декември 2018 |

Од денеска не важи обврската за зимска опрема во возилата

zimska-oprema

Од денес престанува да важи законската обврска за поседување на зимска опрема во возилата.

Според информациите добиени од ЈП Македонија пат, сообраќајот на сите државни патишта се одвива по  суви и чисти  коловози.

Според ДЦС МВР поради обилни врнежи од снег локалниот пат од Кратово до с.Каврак е непрооден. Регионалниот пат Пробиштип – ХС Злетовица во с.Којково, Кратово е пробиен и оспособен за сообраќај само за патнички моторни возила.

На патниот правец Р1205 Крупиште-Пробиштип кај с.Неокази, поради појава на вдлабнатина и попуштање на левата коловозна лента, гледано во правец кон Пробиштип-Крупиште, сообраќајот се одвива наизменично, само по десната коловозна лента.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – крак Маврово каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top