| четврток, 6 декември 2018 |

Металург со пораз од Мешков ги загуби шансите за завршниот турнир во СЕХА

Ракометарите на Металург не го фатија последниот воз за пат на завршницата во СЕХА лигата и нема да играат на Ф‘ во Вепсрем за титулата. Поразот е убедлив, 17-26, па надеж дека трофејот во Регионалното натпревраување ќе стаса во Македонија, останува само Вардар.

Металург најави дека ќе оди на победа поведе со 4-2, а се потоа беше во знакот на гостите од Белорусија. На пауза меѓу двете полувремиња Мешков замина со предност од 3 погодоци, 12-9.

Во вториот дел предноста само се зголемуваше за конечни минус девет на контото на македонскиот првак.

SEHA Vardar Metalurg 9 (Custom)

SEHA Vardar Metalurg 9 (Custom)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top