| четврток, 6 декември 2018 |

Љубиша Георгиевски: No pasaran!

Tribina na Vmro vo sala Boris (8)Професорот и режисер Љубиша Георгиевски порача дека на силниот му прилега да е мудар, а на Владата и порача да продолжи со проектите.

-Вие сте срцето на Македонија. На силниот му прилега да е мудар. Најосновно е, да не се подадете на културата на омразата која со сета сила ја шири тајфата на медиокритети. Прво направија пуч во својата парија и тогаш на чело дојдоа луѓе со многу просечни и професниолани квалиттети. Целта на нашите непријатели е да се замразиме. Стара вистина е ако сака непријателот на Макдонија ефикасно да ја уништи да најде Македонци –им порача Георгиевски на насобраните членови на ВМРО ДПМНЕ на собирот во СЦ „Борис Трајковски“. Тој потсети на една стара „вистина:“ Ако сакате да ја уништите Македонија, треба да најдете Македонец кој ќе го направи тоа.

-Ама не било така, оти македонскиот народ сега ним им праќа порака, еве сега се праќа порака: No pasaran, а тоа е првата порака, истакна Георгиевски.

Втората порака од собирот според него е дека на Македонија под итно и треба опозиција но не опозиција која ќе служи за мајтап, туку вистинска опозиција, од која власта ќе трепери и ќе ги прифаќа предлозите. Со која е достојно да се бори.

-Нека господата од СДСМ се вратат во разум. Третата порака е да се врата во Парламентот. Сега е во мода да се бара политичка  разрешница, која ја зафати цела Европа. Но разрешницата се случува во Парламентот, додаде тој.

СДСМ прави комунистичка револуција, смета тој, кога се негираат фер избори кои се признаени од сите.

-Оти ако едни фер избори не се признаат следниот пат другата страна што ќе загубата ќе ги прогласат за нефер. На тој начин ќе се уништат изборите кои се основа на демократија, и ќе се воведе тоталитаризам. Ова што го прави опозицијата е тоталитарна револуција, подвеле Георгиевски.

Петата порака е до Владата, која траба да продолжи со проектите кои ги ветила и кои ги изведува.

-ВМРО-ДПМНЕ е генетски предодредена на сите Македонци. Затоа сме неуништливи, порача на крај професорот, пред преполната сала во СВ Борис Трајковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top