Добар ден до сите наши граѓани, до македонската дијаспора, до градовите низ Македонија, до македонските села, до македонските семејства, до сите кои сте присутни или кои не следите преку интерет или друг медиум.
Кога за првпат до нас допре идејата на некои општински комитети за организирање на ваков настан, помисливме како да го направиме, а да не изгледа на митинг. Знаете опасно е ако изгледа дека правиме митинг, опонентиве ќе си речат, овие тргнаа на избори. И ете проблем. Здравствен за некого, а за друг обврска да смислува изговори како да не учествува на избори.
Еве за да им ги скратиме маките на старт, ние одбравме да направиме настан во спортскиот центар Борис Трајковски, спортски центар која се изгради со помош на оваа влада, но како што гледам по интересот за овој настан, мислам дека и партизанска и илинденска ќе ни беа прекратки за митинг.
Но има време за митинзи.
Еве, за да им ги скратиме маките им кажувам, не се секирајте, нема избори, нема потреба да се плашите, барем не до толку.
Нема избори, но ќе има одговор. Сериозен одговор! Е тоа не им бега!
Ова е нашиот одговор до СДС, силата на ВМРО –ДПМНЕ е во народот, кој не поддржува, во народот кој е со нас сиот овој изминат период, во народот кој ни ги познава слабостите, кој не укорува на грешките, но и кој ни ги знае предностите, народот кого го слушаме, за кого се трудиме и работиме.
Ние не сакаме преку ноќ некој да дојде (по можност да е од странство, нели) и да не донесе или остави на власт, и да ни дава разни нелегални, креирани, сценарија на тацна, без да се помачиме, без да знаеме дека сме алтернатива, дека народот е со нас. Не. Тоа кај другиве. Кај нив тоа проаѓа, кај нив се проаѓа. Тие би ја направиле таа работа како што гледаме, Што поскоро тоа подобро. Ние сакаме да ја заслужиме довербата. Колку лесна би била политиката ако така би функционирало како што тие тераат, зарем не!?
Седи си дома, спој си се со агентурна мрежа, која работи за странци, и оп, си мислиш ќе дојдеш на власт. Колку лесно било така.
Не е нашиот народ наивен, воопшто не е. Овој народ поминал многу во минатото, нашиот народ е мирен, спокоен, семеен, сака сигурна иднина, сака извесност, и не дај Боже да му брцнеш во око, или да пробаш да го излажеш и изманипулираш. Тогаш не те спасува ни странец обвинител, ниту пак нарачани од некого изјави и натписи по странски медиуми, тогаш ни Владе Милчин, ни Фрчко, а Богами ни Супермен не може да те спасат. Кога ќе зацапаш по пат како нивниот, кој што е полн со недоречености, интриги, измами, сценарија и туѓи интереси, тогаш е многу тешко да се вратиш од тој пат. Тогаш си цело време заложник на тој на кого си му ја продал душата.
Нашиот народ не го поддржува тоа. Доказ за тоа се овие луѓе тука, доказ за тоа се илјадниците писма и пораки кои ги добиваме изминатиов период, доказ за тоа се на крај и истражувањата и анализите, кои очигледно некој не сака да ги објави, а кои јасно покажуваат дека ова не им проаѓа, дека ова не им успева, дека народот ги има прочитано и дека народот во нив не гледа никаква алтернатива. Народот ги слуша, но не ги одобрува, ги слуша но не ги оправдува и поддржува.
Затоа што народот бара од политичарите да бидат одговорни и да им понудат излез, извесност, иднина, проекти, програма, конкретни мерки, работни места, повисок стандард, остварени ветувања, кои ќе значат подобар живот за граѓаните и повеќе можности за секој од нив
.
Драги браќа и сестри,
Нашиот народ бара Одговори и решенија за реалниот живот и потреби. Вие не познавате доволно добро. Креирани големи сценарија и случаи ставани во негативен контекст, како конструкција не е доволно да ја засени нашата работа и делата заради кои не бирате и ни давате доверба. Тие дела се нашиот вистински лик. Во тие дела, проекти, мерки, реформи. Во нив е вистината! Вистината не е некој апстрактен поим, кој сега опозицијата сака да го монополизира и киднапира, мислејќи дека полагаат ексклузивно право на тоа да кажат што е вистина, а што не е. Тие го немаат тоа право. Вистината е во сите нас тука, во сите граѓани, и секој поединечно знае во што може а во што не може да верува. Вистината е во постапките и чекорите заради кои граѓаните гласале за нас и не бираат 9 години по ред на избори.
Во делата е вистината!
Во проектите е вистината!
Во осумипол годишното деноноќно работење за да се оствари ветеното е вистината!
Целиот говор погледнете го во видеото
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


