| четврток, 6 декември 2018 |

Само една четвртина Французи се задоволни од Франсоа Оланд

LOS COLEGIOS ELECTORALES ABREN EN FRANCIA PARA LOS COMICIOS PRESIDENCIALESИако популарноста на францускиот претседател Франсоа Оланд е многу ниска, таа останува на истото ниво – 25 отсто од испитаниците се задоволни од неговата работа.

Според анкета за неделникот „Журнал ди Диманш“, францускиот претседател и неговиот премиер, глобално, не ги загубија симпатииите здобиени по терористичките напади на почетокот на јануари.

Според Фредерик Даби, генералниот директор на Ифоп, Французите ја поздравуваат „одлучноста“, „ладнокрвноста и „грижата да го зачуваат единството на нацијата“ на претседателот Франсоа Оланд и на премиерот Мануел Валс.

Имено, 25 отсто од испитаните Французи изјавиле дека се „задоволни“ од работата на шефот на државата, додека 75 отсто го одговориле спротивното. Од работата на премиерот се задоволни 45 отсто од Французите.

Сепак, ако се споредува тандемот Оланд-Валс со тандемот Никола Саркози и Франсоа Фијон од 2011 година, посебно една недела пред департманските избори, тогаш популарноста на Саркози беше 29 отсто, додека на премиерот 48 отсто. Тоа беа катастрофални избори за десницата, како што се најавуваат и иднонеделните избори за социјалистите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top