
Лидерот на СДСМ Зоран Заев се исплаши од народот што во огромен број дојде да присуствува на трибината на ВМРО-ДПМНЕ. Тој се обиде да ја протне тезата дека народот бил „собран на сила“. Но, како тоа „се собираат“ 50 илјади народ на сила?
Тоа не се „исплашени граѓани“, како што се обидува да ги квалификува Заев, туку народ со достоинство и чест. Заев со тоа и денеска продолжи да го навредува народот.
Спортскиот комплекс „Борис Трајковски“ беше целосно пополнет. Илјадници граѓани останаа надвор од салата, но останаа таму немаат можност да влезат да ја проследат трибината на ВМРО-ДПМНЕ.
Реки од луѓе од цело Скопје денеска ги преплавија улиците и булеварите кои водат кон СЦБТ.
Бројката од 50 илјади граѓани кои се собраа да му кажат НЕ на лидерот на опозицијата Зоран Заев јасно покажува дека македонскиот народ е единствен силен и решителен да му ја испрати на Заев пораката дека неговите монтирани разговори се препознаен и како такви не можат да го нарушат единството на народот кој силно застана зад актуелната власт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата


