| четврток, 6 декември 2018 |

Пешевски: Да се фокусираме на реалните потреби на граѓаните

pres konferencija na vicepremierot vladimir pesevski

Во изминатиот период извршниот комитет донесе одлука да се испита расположението меѓу граѓаните и членовите ги посетуваа општинските и месните комитети. Наидовме на огромна поддршка од народот, порака дека стојат зад партијата и нема да дозволат да дојде до дестабилизација на државата и се јави потребата за ова.

Ова денеска го истакна Владимир Пешевски, вицепремиерот на Република Македонија.

-Главните пораки ќе ги каже премиерот, но она што ќе биде водилка во работата е дека треба да се фокусираме на реалните проблеми и реализација на проектите кои го подобруваат животот на граѓаните, реални потреби на граѓаните и дека ќе се работи со несмалена енергија како сега, истакна Пешевски.

Пешевски истакна дека бројот на собраните граѓани е огромен, а дека салата е веќе полна, истакнувајќи дека суштински е да се чујат пораките на премиерот на Република Македонија, Никола Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top