Македонскиот претставник во ракометната Лига на шампиони е на мака во Плоцк, каде домаќинот Висла води со 14-12 по првото полувреме од осминафиналниот двомеч.
Вардар одлично го почна мечот, поведе со 3-0, но потоа носени на крилјата на домашната публика Висла направи пресврт и на паузата меѓу двете полувремиња замина со предност од два гола.
Шпанската врска во Вардар, Алекс Дујшебаев и Арпад Штербик беа најистакнати поединци во редовите на скопјани. Дујшебаев е најефикасен по првиот дел со 4 гола, а Штербик бранеше одлично, како што впрочем тоа го прави постојано, откако го засили Вардар.
Кај домаќините Никчевиќ постигна 3 гола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.