Баерн Минхен сигурно ита кон нова титула во Бундеслигата, а денеска со успехот од 4-0 против Вердер ја прослави дваесеттата победа.
Милер и Алаба по еднаш и Левандовски во два обиди беа прецизни за шестиот триумф во низа за баварците, кои покажаа дека немаат сериозна конкуренција сезонава во битката за шампионскиот трофеј во Германија. Баерн има 64 бода, 14 повеќе од Волсфбург, но и меч повеќе.
Идентичен триумф забележа и Ајнтрахт Франкфурт против Падерборн, а гол помалку постигна Хофенхајм против Хамбургер (3-0). Мајнц прокнижи вредни три бода со успех против Аугсбург од 2-0, а нерешено, 2-2 заврши мечот во Берлин меѓу Херта и Шалке 04.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.