Компанијата „Спорт лајн“, во сопственост на Горан Иванишевиќ, поднела барање за покренување претстечајна постапка, пишува „Т-портал“.
Компанијата должи 5,7 милиони куни, од кои 1,1 милион на државата.
Бидејќи во законскиот рок не била предадена целокупната документација, Спогодбениот совет на сплитска „Фина“ пред четири дена одлучил на Трговскиот суд да му предложи покренување стечајна постапка над компанијата на Иванишевиќ, а кои се главните виновници не е познато.
Фирмата ја основаше неговиот татко Срѓан во 1998 година, а нејголемиот бизнис потфат беше изградба на згради со 65 луксузни станови во елитната сплитска населба Фирула.
Своевремено Иванишевиќ призна дека тоа е утнат проект.
Компанијата во моментов е во мирување и без вработени, а загубите се трупаат од година во година.
Освојувачот на Вимблдон е сопственик и на компанијата „Горан промоција“, која се занимава со недвижен имот, но и таа сметка е блокирана веќе една и пол година, а загубите ѝ го изедоа капиталот кој во моментов е во минус 1,14 милион куни – пишува „Т-портал“
Пред три години на Иванишевиќ му беше запленета јахтата вредна 2 милиони евра бидејќи не ги плаќал ратите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.