Грчката Влада предводена од Коалцијата на радикалната левица (СИРИЗА) е подготвена спроведувањето на некои од своите предизборни ветувања да го одложи за подоцна, со цел да ја поврати довербата на партнерите во ЕУ, изјави грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис.
– Не сме популисити, не ветуваме неоствраливи работи – изјавил Варуфакис на средба зад зтаворени врати со раковидетили на повеќе компании и банки во северниот италијански град Чернобио.
Според италијанскиот весник „Кореиере дела Сера“, Варуфакис во своето обраќање не прецизирал кои се тие „ветувања“ што грчката Влада би можела да ги пролонгира за подоцна.
– Сакаме да го вратиме целиот долг. Но, бараме нашите европски партнери да ни помогнат да постигнеме раст. Колку побрзо ја стабилизираме економијата, толку побрза ќе биде и отплатата на долгот – нагласил Варуфакис, додавајќи дека се залага за трансформација на долгот во обврзници кои ќе донесат раст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС за време на изборите ветуваа брда и долини за студентите, а сега кратат 155 милиони денари планирани за студентски домови
-
Економски ветувања што се исполнуваат- ќе паднат цените, ќе се модернизираат патиштата и железницата
-
По 80 години се асфалтира патот Струга – Калишта – Радожда
-
Варуфакис тајно ги снимал сите состаноци на Еврогрупата