| четврток, 6 декември 2018 |

Син нападнал татко со нож

ноз

Тетовецот А.А.(47) се здобил со расеченица на десната рака откако вчера во 18 часот и 40 минути бил физички нападнат од неговиот син С.А.(22) со нож, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

По добиената информација, полицијата го привела синот, кој бил во алкохолизирана состојба. Во координација со јавниот обвинител С.А. бил задржан во Полициската станица Тетово и му е одземен ножот за вештачење.

-Според првичните информации причина за физичкиот напад биле претходни семејни недоразбирања, а надлежните преземаат мерки и активности за целосно расчистување случајот – рече Јосифовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top