| четврток, 6 декември 2018 |

Романскиот министер за финансии под истрага за корупција

валков

Романското Јавно обвинителство започна истрага против министерот за финансии на Романија, Дариус Валков, под сомнеж дека во времето кога бил градоначалник на Слатина и помогнал на една компнаија да добие тендер во замена за поткуп од околу два милиони евра.

Според Обвинителството, кривичното дело Валков го сторил во периодот меѓу 2010 и 2013 година, додека ја извршувал градоначалничката функција.

Обвинителството тврди дека Валков ја натерал тендерската комисија да ги промени правилата, со цел тендерот да го добие компанијата која му платила поткуп. Дел од митото Валков го примил лично на рака, а дел преку фирми-посредници.

Валков, кој во врска со овие обвинувања вчера бил сослушан од претставници на Националната дирекција за борба против корупцијата, изјави дека против него не е покренато никакво обвинение, но одби да даде повеќе детали за целиот случај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top