Најмалку 44 лица загинаа при удар на тропскиот циклон Пам врз островите во јужниот дел на Тихиот Океан, соопшти Службата на ОН за координација на хуманитрани активности.
Силниот ветер, проследен со пороен дожд, предизикал големи бранови, високи и по неколку метри. Како што јави ДПА, Пам со несмалена жештина се движи во правец југ-југоисток кон Нов Зеланд.
Австралиското радио Еј-Би-Си, јави дека од циклонот најтешко е погодена островската држава Вануату, каде се и најголемиот број од загинатите. Само во главниот град Порт Вила животите ги загубиле четири лица.
Сите комуникациски врски на Вануату се во прекин, а најголем дел од архипелагот нема ниту струја, ниту вода за пиење.
Едно лице загина на Папуа Нова Гвинеа, кога дрво откорнато од силниот ветер, паднало врз неговата куќа.
Циклонот ги погоди и Соломонските Острови и Фиџи.
Пам вчера прерасна во циклон од петта категорија, достигнувајќи брзина на ветерот во неговото жаритше од 230 килметри на час.
Поради циклонот откажани се сите летови во регионот, бродовите остнаа вкотвени во пристаништата, а продавниците и јавните институции се затворени.
Сезоната на тропски циклони во јужниот Пацифик трае од почетокот на ноември до крајот на април
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



