| четврток, 6 декември 2018 |

Разговорите кои ги презентира СДСМ се сечени и полувистинити

sdsm1233311

Бранко Героски во колумна признава дека разговорите кои се креирани од СДСМ и кои Заев ги објавува се сечени, има и такви кои се ирелевантни за политичките процеси, но има и такви кои се невистини и полувистини. Героски го пишува следново:

-Проблемот со објавувањето на целосниот разговор меѓу двете алапачи е во тоа што тој содржи елементи од лична, интимна природа, кои се ирелевантни за политичките процеси, а содржи и невистини и полувистини, што морало на некој начин да се верификуваат и да се протолкуваат пред да се објават – пишува Героски.

Од друга страна, по разговорот кој беше објавен од неколку опозициски медиуми помеѓу Драган Павловиќ- Латас и Сашо Мијалков, а зад кој е јасно дека стои СДСМ, СДСМ брифираше информација за „Фокус“ со која признаваат дека сечат материјали и дека објавуваат и приватни разговори во креираните материјали кои ги објавуваат.

-СДСМ: протече по грешка.Нашите требало да го исечат делот за Црвенковски и за приватни работи за други луѓе, велат од СДСМ, објави „Фокус“.

Ова потврдува дека СДСМ пушта креирани разговори, кои содржат полувистини и извадени работи од контекст со кој се девалвираат личности и нивните животи. Истовремено, креираните материјали се објавуваат селективно, а содржат и приватни и интимни делови загрозувајќи ја приватноста на огромен број на граѓани. Со ова признание на СДСМ се гледа позадината за нивното одработување за туѓи интереси, каде најмалку е важна вистината и на секој можен начин се трудат да наштетат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top