| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот на Собранието е запознаен со случајот за дедо Љубе (ВИДЕО)

Актерот Тони Михајловски, заедно со политичкиот аналитичар Александар Пандов и со новинарот Миленко Неделковски, денеска го посетија претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и го информираа за нивната иницијатива за слобода за дедо Љубе.

dedo8

– Тој случај мора да оди во судска процедура и мора формално-правно да се испочитува. Му ги пренесовме поздравите на претседателот Вељаноски, кој ја набљудува ситуацијата и сите се надеваме дека разврската ќе биде позитивна. Засега се чека крајниот исход од судскиот процес – вели Михајловски, додавајќи дека се прават напори за да се извлече максимално позитивен исход за дедо Љубе.

Новинарот Миленко Неделковски посочи дека претседателот Вељаноски ги известил дека и тој и голем број од пратениците имаат многу јавувања од македонски граѓани, кои се јавуваат и го прашуваат што ќе стане со судбината на дедо Љубе.

dedo7

– Претседателот на Собранието нѐ извести дека сите имаат исклучително големо  разбирање за тој човек што се борел за својот гол живот и дека во рамките на своите надлежности и ингеренции ќе направат сѐ што е можно за дедо Љубе да излезе од целата оваа голгота неповреден – рече Неделковски.

Според аналитичарот Пандов, сите пратеници, без разлика на партија, вера или националност, се на страната на дедо Љубе и негово ослободување.

– Овој случај е сега во постапка во Обвинителство, а Собранието сега нема ингеренции за нешто да направи. Ако дојде до тоа резултатот да биде негативен за дедо Љубе, во таква ситуација втората инстанца е претседателот на државата, а конечно и како инстанца има право самото Собрание да реагира – вели Пандов.

Тој истакна дека очекуваат дека самото Обвинителство ги има во предвид околностите како се случува тоа дело и дека сето тоа позитивно ќе заврши.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top