Ракометарите на Вардар утринава заминаа за Полска, каде утревечер ќе го играат првиот осминафинален меч во ракометната Лига на шампиони против Висла Плоцк. Со експедицијата е и крилото Матјаж Брумен, ракометар што беше повреден и неколку недели не играше за македонскиот вицешампион.
Мечот ќе се игра во „Орлен арената“ со капацитет од околу 5.500 места, а ќе почне од 20.45 часот. Вардарци со авион ќе патуваат до Варшава, а оттаму со автобус до Плоцк и денеска ќе имаат тренинг во салата каде што ќе се игра натпреварот. Реваншот е во Скопје на 21 март, со почеток од 20.15 часот.
ФОТО: rkvardar.com.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.