| четврток, 6 декември 2018 |

Променливо до недела, потоа сонце

сонцеУтрово имаме променливо облачно време со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура се движи од -6 до 4 Целзусови степени , и тоа: -6 Лазарополе, -4 Маврово, Крушево, -3 К. Паланка, -2 Берово, Претор, -1 Охрид, Виница, Дебар, 0 Штип, Д. Капија, Прилеп, Струмица, 1 Скопје – Петровец, Куманово, 2 Скопје – З. Рид, Битола, 3 Кавадарци, 4 Гевгелија и Дојран.

Во текот на денот ќе имаме променливо облачно време со подолги сончеви периоди. Попладне локално ќе има услови за слаб дожд,  на планините слаб снег.  Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно со подолги сончеви периоди и слаб до умерен североисточен ветер. Дневната температура ќе достигне до 9 степени.

Утре ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди и со повремен, но слаб локален дожд, на планините со слаб снег, особено во крајните источни и западни делови.

В недела и во почетокот на работната седмица времето ќе биде стабилно и суво време со постепен пораст на дневната температура.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top