| четврток, 6 декември 2018 |

Петров го демантираше Заев: Не е можно да се протнат сто луѓе да гласаат (ВИДЕО)

andrej petrov

Невозможни се тврдењата на СДСМ дека луѓе се протнувале во изборниот процес и гласале во туѓо име , особено што во избирачките одбори има и луѓе од СДСМ и од другите партии, кои го контролираат процесот, изјави Андреј Петров. Како прв секретар на СДСМ, кој директно раководеше повеќе изборни циклуси, тој на дебатата на „Телма“ тој директно го демантираше Заев.

Беше внесено, на наше барање тогаш, повторно едно решение кај што влегоа луѓе од политичките партии и покрај тоа што експертската јавност и дел од странците мислеа дека е многу по демократично решение, но за Шведска или на некоја од овие земји кои што се понапредни, каде што ќе има само администрација внатре. Заради кредибилноста на избирачкиот процес, ние баравме да имаме контролори. Јас искрено не верувам дека е возможно на некој наш контролор да му се протнат на некое гласачко место 100 луѓе кои не ги познава и да му заокружат – истакна Петров.

Со ова Петров директно го демантираше лидерот на СДСМ дека може некој да го наруши изборниот процес на тој начин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top