| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска го поддржува влезот во ЕУ на сите држави од Југоисточна Европа

По остварување на главните национални цели, членство во НАТО и ЕУ, Хрватска треба да постави нови цели на својата надворешна политика, изјави денеска во Загреб претседателката Колинда Грабар Китаровиќ.

Китаровиќ истакна дека Хрватска го поддржува пристапувањето на сите држави од Југоисточна Европа во ЕУ.

– Одлучна сум во намерата заедно со нашите соседи сериозно придонесеме за решавање на сите отворени прашања, со што ќе ја градиме иднината на цврсти и здрави европски темели, изјави Грабар Китаровиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top