| четврток, 6 декември 2018 |

Могерини се извини што рекла Македонија (ВИДЕО)

532567_federika-mogerini-06apfoto-ap_f

Откако на прес-конференција на 4 март европската комесарка за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини одговарајќи на новинарско прашање за кризата во нашата земја, неколку пати рече „Македонија“, наиде на бројни реакции од грчките медиуми и пратеници. 

Потоа во Европскиот парламент таа се извини за употребата на “Македонија”:

– Секогаш велам ПЈРМ. Некогаш се случува да се направите грешка, особено кога 24/7 се занимавате со кризи и умор од временски разлики при патувања и ја користам оваа прилика да се корегирам поради тоа бидејќи секогаш се држам до официјално признаеното име. За тоа разговарав и со грчките власти – рече Могерини.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top