| четврток, 6 декември 2018 |

Здружението „Градиме иднина“ до СДСМ: Децата без родители никогаш не биле вклучени во било какви нерегуларни изборни процеси!

Претседателот на здружението „Градиме иднина“,  Илија Јовановиќ,  рече дека ги осудува ваквите валкани игри на СДСМ.

– Тие сакаат да ги градат поените врз судбините на овие деца и тоа е за секој осуда. Таа манипулација е нечовечна, неморална и неетичка. Децта без родители се луѓе со чест и чист образ, не ја валкајте нивната чест. Здружението „Градиме иднина“ и јас како негов претседател како досега така и во иднина ќе се бориме за правата на децата без родители, истакна Јовановиќ во изјава за порталот „Курир“.

Тој додаде дека бил шокиран кога слушнал дека СДСМ посочува дека децата без родители наводно биле злоупотребувани за политички цели, потенцирајќи дека врз него немало никакви пртисоци за било какви списоци.

-Во мое лично име и во име на здружението „Градиме иднина“-Скопје изразувам згрозеност од обидот за вовлекување на децата без родители и родителска грижа во дневно-политичка пресметка и од нив да се градат било какви политички поени. Одговорно тврдам дека како здружение кое е секојдневни со децата без родители дека истите никогаш не биле вклучени во било какви нерегуларни изборни процеси, како што беше прикажано од страна на СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top