Пари Сен-Жермен направи вистинска сензација во Лигата на шампионите елиминирајќи го Челси во осминафиналето. Големината на победата не е само во резултатот, туку и во фактот што избраниците на Лоран Блан одиграа 90 минути со играч помалку по исклучувањето на првата ѕвезда во тимот, шведскиот ас Златан Ибрахимовиќ.
Швеѓанецот по еден дуел со Оскар доби директен црвен картон, но по прегледувањето на снимките се гледа дека тој немаше никаква намера да го повреди противничкиот играч, дури и ги собра нозете кратко пред да се судрат двајца играчи кои влегоа во борба за топката.
Тој мирно, без многу расправии го напушти теренот, но по завршетокот на мечот не остана должен да одговори на обвинувањата и на пласманот во четврт-финалето.
– Кога го видов црвениот картон, помислив дека овој човек не знае што прави или видел сосема нешто друго – беше првичната изјава на Ибрахимовиќ за судијата Куиперс.
– Најлошо околу сето тоа беше што сите 11 играчи на Челси се собраа околу мене. Се почувствував како да ме нападнале 11 бебиња. Немав никаква намера да го повредам. Ги собрав нозете кога видов дека и тој тргна на топката – додаде Ибра не сакајќи да ја коментира реакцијата на Бразилецот Оскар.
– Не знам дали глумеше, ниту, пак, видов каде го удрив. Тоа воопшто не е важно. Се пласиравме во четврт-финалето и ќе видиме што ќе се случува натаму – додаде Ибрахимовиќ.
Red Card Zlatan Ibrahimovic Oscar for Oscar… by footballTV
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



