Поради војната во Сирија, 80 проценти од населението живее во сиромаштија, се вели во извештај на Сирискиот центар за политички истражувања. Извештајот е поддржан од ОН.
Во него се констатира дека поради војната Сирија има загуби од 200 милијарди долари и е намален живототниот век за 20 години.
Речиси три милиони Сиријци загубиле работа поради конфликтот, невработеноста е 57,7 проценти.
Над 3,33 милиони Сиријци живеат надвор од државата, а други 1,5 милион ја напуштиле државата во потрага по работа. Сириската војна однесе живот на 210.000 луѓе, ранети се најмалку 840.000.
Според сателитски снимки, 83 проценти од територијата нема струја, а најпогоден е северниот сириски град Алепо каде што ноќе 97 проценти од градот тоне во мрак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонија тоне: 22,2 отсто од населението минатата година живеело во сиромаштија!
-
Митовска: СДСМ удира по најсиромашните, владата крати 6 милиони евра наменети за сиромашните(видео)
-
Вучиќ: Немаме планови за војна, но не го признаваме Косово
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија