Франција и натаму ќе задржи 10.000 трупи да патролираат низ државата кои се распоредени на таа должност по нападите на џихадистите во јануари.
– Опасноста од терористички напади во нашата држава сѐ уште е висока – соопшти Кабинетот на претседателот Франсоа Оланд по министерски состанок.
Шефот на државата одлучил да го задржи сегашното ниво на војската во приправност како поддршка за силите за безбедност од Министерството за внатрешни работи.
Во соопштението се вели дека 7.000 трупи се распоредени, пред сѐ, за заштита на верски објекти кои се посебно загрозени.
Министерот за одбрана, Жан-Ив Дријан, по состанокот најави дека трупите ќе останат на своите позиции најмалку до почетокот на летото. Војниците надгледуваат згради на медиуми и други потенцијални цели откако џихадистите во јануари извршија напад во Париз во кој 17 луѓе загинаа.
– Војската штити речиси половина од чувствителните места во регионот Ил де Франс, во кој се наоѓа и Париз – додаде Ле Дриан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.