Вистинска драма се случуваше на реванш натреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите меѓу Челси и ПСЖ во Лондон.
Актуелниот француски шампион ПСЖ со играч помалку успеа дури во продолженијата да обезбеди пласман во четвртфиналето и тоа со голот на капитенот Тиаго Силва во 114 минута.
Натпреварот заврши со конечен резултат 2-2 по две продолженија бидејќи по регуларните 90 минути беше 1-1, идентично како на првиот натпревар во Париз.
Судијата Бјорн Куиперс имаше многу работа на овој натпревар. Најпрвин мораше да ги смири страстите на неколку играчи на теренот доделувајќи им жолти картони во раната фаза од мечот, за потоа да го исклучи Златан Ибрахимовиќ поради еден старт над Оскар во 31 минута од натпревар.
Сепак и поради бројната надмоќност на теренот Челси не покажа ништо од својот раскош кој несомнено го поседува и тоа им се врати како бумеранг. Наместо да ја искористат шансата поради играч повеќе „Специјалниот“ Жозе Мурињо се одлучи на затворена варијанта да го брани голот постигнат на првиот натпревар. Тоа не го искористи Едисон Кавани во 58 минута откако го измами и голманот Тибо Куртоа ја погоди само левата статива од празниот гол.
Првиот гол беше постигнат дури во 81 минута од страна на дефанзивецот на Челси Гери Кејхил кој умешно се снајде во мешаницата во казнетиот простор на парижани.
Тоа не ги поколеба избраниците на Лоран Блан кои преку поранешниот играч на Челси Давид Луиз кој со прекрасен удар со глава во 86 минута од натпреварот дојде до измранување кое натпреварот го одведе во продолженија.
Во нив повторно стапува на сцена судијата Куиперс кој досуди пенал за сините од Лондон по играњето со рака на Тијаго Силва. Сигурен реализатор од белата точка беше Еден Азар во шестата минута од првото продолжение.
На шест минути до крајот вториот дефанзивец на ПСЖ капитенот Тијаго Слива повторно со глава упати прекрасен удар кон голот на Куртоа кој беше немоќен да одбрани. До крајот Челси имаа јалова иницијатива, а тоа многу умешно го искористија играчите на ПСЖ задржувајќи го времето.
Chelsea vs PSG 2-2 All Goals & Highlights UCL… by mehersf19942018
Во вториот осминафинален натпревар кој се играше вечерва Баерн Минхен буквално го торпедираше тимот на Шахтар Доњецк нанесувајќи му тежок пораз од 7-0 на Алијанц Арена.
Натпреварот се чини беше решен уште во третата минута кога беше досуден пенал за баварците а воедно и играчот на гостите Кушер заработи црвен картон по стартот над Геце во казнетиот простор. По ова Баерн беше немилосрден и ја реализираше скоро секоја шанса која му се укажа за гол. Два гола постигна Милер, а по еден Боатенг, Рибери, Батштубер, Левандовски и Геце.
Bayern Munich vs Shakhtar Donetsk 7-0 All Goals… by enteritament
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)