| четврток, 6 декември 2018 |

Јакимовски: Заев да го објави разговорот што го водеше со мене на 14 февруари 2013 (ВИДЕО)

Лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски на прес-конференција реагираше на вчера објавениот разговор меѓу него и директорот на УБК Сашо Мијалков, објавен на трибината на СДСМ.

stevce

Тој го повика лидерот на СДСМ Зоран Заев да го да го објави разговорот меѓу него и Заев од 14 февруари 2013 година.

– Сакам да му дадам дозвола и овластување да го објави разговорот воден меѓу мене и него на 14 февруари 2013 година во 14:40 часот и исто така да ја објави пораката што тој ми ја упати мене во 01:30 часот по полноќ на 17 февруари, веднаш по мојата кандидатура за градоначалник на Карпош. Првенствено заради тоа Социјалдемократскиот сојуз да види за каков лидер станува збор, рече Јакимовски.

Според него, Заев во изминатите шест месеци, го држи граѓанството на Македонија под тензија со наводните неговите поседувања на снимки со кои ќе објави тежок криминал на владејачката гарнитура.

-Сметам дека господинот Зоран Заев оваа приказна ја започна со тезата дека тој и опозицијата се прислушувани од страна на власта, а досега освен неговиот разговор со ќерка му, ние не видовме ниту еден разговор на господинот Зоран Заев. А да потсетам, тој исто така е власт и тоа во локалната самоуправа, и  оттаму, не само граѓаните на Струмица, туку и сите имаат право да знаат за каков владател станува збор“, додаде Јакимовски.

Би било ред, рече Јакимовски, малку да го слушнеме и неговиот глас, односно како тој се однесува во приватни разговори и како ги именува другите етнички заедници во Република Македонија.

Тој побара да се разреши политичката ситуација во која се наоѓа државата и ги повика судските органи да ги преземат мерки случајот да добие институционална разрешница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top