Најновите истражувања кои се занимаваат со здравствените проблеми укажуваат дека хомеопатските лекови се само плацебо ефект.
Плацебо е медицински феномен каде резултатите на медицинскиот третман се предизвикани од идеите на пациентот за тоа колку е ефективно лекувањето.
Според проценката на советот за Национално здравје и медицина во Австралија, алтернативната медицина не лечи хронични болести, како и сериозни заболувања, пренесува „Индепендент“.
Советот утврдил дека нема цврсти докази кои покажуваат дека хомеопатијата е ефикасна од шеќерните апчиња или други плацебо.
Извршниот директор Варвик Андерсон изјави дека не постоеле здравствени состојби кои би пружиле докази дека хомеопатија е делотворна.
– Луѓето кои ќе се определат за хомеопатија може да го загрозат своето здравје ако одбијат лечење кое им е препорачано – изјави Варвик.
Болести како астма, мигрена, стрес и настинки се тестирани на хомеопатско лечење и е утврдено дека тоа не е ништо поефикасно од лажни лекови.
Британските и швајцарските здравствени установи исто така заклучиле дека хомеопатијата не е доволно ефикасна за државата да ја финансира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.