| четврток, 6 декември 2018 |

Убедливи победи на Шкендија и на Силекс

Убедливи победи од по два гола разлика забележаа Шкендија и Силекс во послендите мечеви од 19. коло во Првата лига. Во Куманово каде Шкендија принудно поради реновирање на тетовскиот стадион го пречека Пелистер, мечот беше решен во вториот дел со головите на Кировски и на Жуниор. Со триумфот од 2-0 Шкендија сотана во битка за титулата, иако заостанува зад лидерот Вардар за 8 бода.

Во Кратово и Силекс го скрши отпорот на Тетекс во вториот дел. Поведоа гостите од Тетово со погодокот на Павлов во осмата минута, а израмниПановски од пенал во 32. минута. Потоа беа исклучени Најдовски и Начевски кај Тетекс, што му ја олесни работата на домаќинот. Тимовски и Рудан по еднаш беа прецизни за победа на Силекс од 3-1.

Sileks 1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top