Државата до крајот на неделава треба да исплати преку 26 милиони евра субвенции за тутунот од ланската реколта од кои над 12 милиони за тутунарите од Прилепско. Во Прилеп интензивно се исплаќаат субвенциите. Се исплаќа државната поддршка за пет компании, а се очекува да се средат податоците за кооперантите за уште три компании.
– На сметките на тутунарите се субвенциите за тутунот кои тие го предале во пет компании, а уште од вчера се обработуваат податоците за три компании- Прилепскиот тутунски комибинат, Центротабак од Велес и за Далија од Делчево. Се очекува во текот на денешниот ден да се средат формалностите и тутунарите да ги имаат парите на сметките, изјави Данчо Милески, претседател на Соузот на тутунските здруженија на Македонија.
Тутунарите нагласуваат дека парите од државната поддршка навреме пристигнуваат зашто почнаа подготовките за новата реколта и има трошоци за расадопроизводството, орањето на површините и за ѓубривото. Според Сојузот на тутунските здруженија, државното субвенционирање е главна поддршка за тутунопроизводството.
-Ориенталните типови тутун се бараат на светскиот пазар. Националната програма за поддршка на родот е добродојдена, а годинава се очекува зголемување на родот иако ланскиот беше поголем од очекувањата и достигна до 27.000 тони, објаснува Милески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Исцрпени се средствата, завршија субвенциите за ПВЦ прозорци и сончеви колектори
-
Министерството за култура почна постапка за укинување на субвенциите за песни
-
Груевски: Заев пред минатите изборите не кажа дека ќе ги укинува субвенциите, а сега ги укинува за оние со помал принос
-
Град Скопје повторно ќе субвенционира велосипеди


