Претставници на компанијата „Кемет електроникс“ денеска одржаа предавање пред учениците од средното стручно општинско училиште „Илинден“, во општина Илинден, соопштија од Oпштината.
Генералниот директор на „Кемет“ во Македонија, Гуидо Галени ги запознал средношколците со историјатот и начинот на работа на компанијата која што произведува електронски производи наменети за светскиот пазар, а ги користат многу познати светски брендови.
– Средношколците со внимание ги следеа излагањата, со оглед на тоа што во наредниот период претстои нивна посета на производствените капацитети на Кемет електроникс, од каде непосредно ќе се запознаат со производствениот процес и каде што по завршувањето на училиштето би можеле да се вработат – се наведува во соопштението на Општина Илинден.
Од Oпштината информираат дека со компанијата Кемет електроникс потпишале Меморандум за соработка во областа на образованието, со кој американската компанија ќе обезбеди практична настава и обука во сопствените капацитети за учениците од средното стручно училиште „Илинден“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Предавање „Ритамот и звукот на Африка“ во Музеј на Македонија
-
„Африканскиот колонијализам и воајеризам: разликата како спектакл“ – предавање на Илина Јакимовска во Музеј на Македонија
-
Предавање на Лиса Нојберг во МСУ
-
МСУ: Предавање на Рикардо Пасони, директор на Галеријата на модерна и современа уметност во Торино