| четврток, 6 декември 2018 |

ДПА: Изнесената снимка во јавноста е монтиран разговор

фазлиу

-Целосна конструкција на разговорот, одземање на зборовите од еден разговор и внесување во друг разговор е позната метода на монтажа своевидно за Сојузот на комунисти, потоа на СДСМ од Ранковиќ, Милошевиќ, Глигоров, Црвенковски до Заев и нивните политички истомисленици – е коментарот на ДПА на разговорот меѓу лидерот на партијата Мендух Тачи и директорот на УБК Сашо Мијалков, како што тврди опозициската СДСМ, што беше пуштен на синоќешниот собир на СДСМ во Универзалната сала во Скопје.

– ДПА на транспарентен начин гласаше против СДСМ во Државната изборна комисија континуирано, исто како што СДСМ гласаше секогаш, буквално секогаш за ДУИ и обратно – изјави денеска на прес-конференција пратеникот на ДПА, Беким Фазлиу.

Фазлиу покажа записници од гласање во скопската општина Чаир кои, според него, укажуваат на фалсификување на изборите од страна на ДУИ во оваа општина.

– За првпат се потврди фалсификат на избори од еден државен орган – рече пратеникот на ДПА.

Покрај записниците, тој ги покажа и решенијата од ДИК со кои, според него, се потврдува фалсификатот на изборите во општина Чаир од страна на ДУИ.

Фазлиу тврди дека за Албанците не е новост дека ДПА од нејзиното појавување на политичката сцена во Македонија се против СДСМ.

Изнесената снимка во јавноста, повтори Фазлиу, е монтиран и фалсификуван разговор. Го обвини лидерот на СДСМ Зоран Заев дека од Струмица мисли како со конструкции лично да се одмазди за вистината.

– Ова е вистината каде Заев моли за една средба и услуга: Претседателе замолувам, Зоран Заев сум, претседателе ќе ме задолжите, рече Фазлиу покажувајќи транскрипти од наводни СМС-пораки што претседателот на СДСМ му ги испратил на лидерот на ДПА – Мендух Тачи.

Пратеникот Фазлиу и денеска, како и на вчерашната прес-конференција не сакаше да одговора на новинарски прашања, туку откако ја даде изјавата замина од Прес-центарот во Собранието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top