| четврток, 6 декември 2018 |

Проекција на три македонски кратки цртани филма

Pokana za proekcija na crtani

„Човекот кој го украде сонцето“, „Прасето кое сакаше да биде птица“ и „Едно поинакво пријателство“ се насловите на македонските кратки анимирани цртани филма чија проекција е закажана за в четврток, 12 март во 20 часот во кафулето „Концепт 37“.

Филмовите се изработени од македонски артисти во продукција на ОХО, со поддршка на Холандска Амбасада во Република Македонија. Цртаните се наменети за најмладата популација, но го привлекуваат вниманието и на возрасните.

Edno poinakvo prijatelstvo

Трите цртани се во режија на Елеонора Венинова. Венинова го напиша сценариото и го режираше „Човекот кој го украде сонцето“, а илустрацијата и анимацијата е на Симон Стојановски. Венинова а авторка и на „Прасето кое сакаше да биде птица“, а во овој цртан филм илустрацијата е на Тхе Мичо, а анимацијата на Симон Стојановски.

Covekot koj go ukrade sonceto

Бистра Георгиева го напиша сценариото за „Едно поинакво пријателство“, режијата е на Венинова, илустрација Тхе Мичо и анимација на Симон Стојановски и Диме Ѓорѓиевски.

Praseto кoе sakase da bide ptica

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top