| четврток, 6 декември 2018 |

Работилница за шиење во културниот центар „Кула“

Културниот центар „Кула“ отвора повик за учество на работилница за креативна употреба на шивачката техника. Повикот е отворен за сите заинтересирани млади луѓе кои сакаат да дознаат повеќе за модерната имплементација на овој стар занает.

Работилницата е предвидена да трае три дена, од 14 до 16 март, од 12 до 18 часот, во просториите на културниот центар „Кула“. Ментори на работилницата се Бранкица Јордановска,Тамара Иванова и Мирјана Веселиновиќ. Бројот на учесници е ограничен на 20. Целта на работилницата е соеднување на млади и креативни луѓе кои се заинтересирани за алтернативните начини на употреба на шиењето.

Овој отворен проект на „Кула“ се состои од тридневна етапна работа во областа на шиење, плетење, кроење и декорирање. Производите кои ќе се изработуваат ќе бидат предмети од типот на: торби, ранци, навлаки за мобилни телефони, корици за скеч-букс итн. По завршувањето на третиот ден од работилницата, следува изложба на изработените производи. Работилницата е поддржана од Холадската Амбасада во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top